Судирот на два цивилни авиони се случи денес на пистата на аеродромот на најголемиот шпански остров Мајорка.
Инцидентот се случил околу девет часот наутро и предизвикал кршење на врвот на крилото на едно од леталата.
Според медиумите нема повредени.
Шпанските медиуми јавуваат дека авионот на компанијата Кондор кој летал на релација Палма – Франкфурт и авионот на компанијата Ер Европа извршиле маневри на аеродромот.
До несреќата дошло кога авионот на Ер Европа, кој летал на релација Барселона – Палма, стигнал до терминалот и се судрил со задниот дел на авионот Кондор. Несреќата се случила со мала брзина, а патник во авионот Кондор кој летал за Франкфурт опишал дека слушнал „гласна бучава додека авионот сопирал пред ударот“.
Извештаите велат дека двата авиони се оштетени, а делови од авионот се расфрлани на пистата, додека службите за итни случаи на аеродромот веднаш излегле на местото на настанот.
Администрацијата на аеродромот соопшти дека инцидентот ќе го анализира Комисијата за истрага на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.
Инцидентот не влијаеше на функционирањето на другите летови на аеродромот.