Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево, кај село Кладник вчера во 13:15 часот загина жител на Кичево.
Како што информира МВР, Г.С. (58 г.) од Кичево, управувајќи патничко возило Lada со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.