ТРАГЕДИЈА НА ФУДБАЛСКИ МЕЧ: Најмалку девет лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо (ВИДЕО)

Само да нема повеќе жртви.
Најмалку девет лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо на фудбалски стадион во градот Кускатлан, Ел Салвадор, соопшти националната полиција.

Стампедото се случи кога навивачите пробија една од портите на стадионот Монументал за време на четвртфиналниот натпревар од националната фудбалска лига меѓу клубовите Алијанс и ФАС во Кускатлан, околу 41 километар североисточно од главниот град Сан Салвадор, пренесува АП.

Од повредените кои се пренесени во болници, најмалку двајца се во критична состојба, соопшти полицијата.

Натпреварот беше прекинат по инцидентот, јави АП. На ТВ мрежите беа емитувани снимки на кои се гледа како медицинска помош им се дава на бројни повредени навивачи на теренот за игра.

Фудбалската федерација на Ел Салвадор соопшти дека жали за инцидентот и изрази поддршка за семејствата на жртвите.