Кинеската акробатка, позната само по презимето – Сан – почина откако падна од трапез за време на настап во саботата во градот Сужоу во централната кинеска провинција Анхуи.
На Интернет се шири вознемирувачко видео од трагедијата, на кое се гледа како гимнастичарката паѓа од голема височина по изведба на сцена. Според BBC, таа сцената ја извела со нејзиниот акробатски партнер кој воедно и бил и сопруг, а Сан починал откако тој не успеал да ја фати со нозете за време на акробацијата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вознемирувачко видео!
Несреќната жена веднаш била пренесена во болница, но докторите не успеале да ја спасат. Сан зад себе оставила две деца. Истрагата за инцидентот е во тек, соопштија тамошните официјални лица.
Според информациите на весникот The Paper, Сан и нејзиниот сопруг, Џанг, работеле заедно со години и често настапувале без појаси за да изгледаат што е можно подобро за време на акробациите – едноставно си верувале на силата на партнерот за да преживеат.
Видео-снимката од трагедијата ги згрози луѓето во Кина но и целиот свет. Многу корисници на социјалните мрежи се согласија дека ваквите акробатски настани се со висок ризик и изразија голема загриженост за слабите безбедносни мерки во индустријата.
На веб-страницата Weibo, некои луѓе коментираа дека виделе слични перформанси во земјата кои често се одвиваат без заштитна подлога или мрежа и повикаа на подобро регулирање на ваквите настани.
Локалното одделение за култура и туризам извести дека – „изведувачката група не добила валидно овластување за извршување на настанот и затоа ќе се постапува со неа во согласност со прописите“.
Тие исто така додаваат дека одлуката да не се користат безбедносните појаси дошла од работењето во „високо конкурентна индустрија“, каде што значително повеќе пари се заработуваат со вршење на поризични активности.