ТРАГЕДИЈА – Се урна рудник во североисточна Шпанија, тројца работници останаа заробени внатре

Тројца работници останаа заробени во рудник за поташа во Сурија во североисточна Шпанија во четвртокот по уривањето на рудникот, соопшти локалната полиција.

Рудникот се урнал во 08:53 часот по локално време на длабочина од околу 900 метри, соопштија пожарникарите за тамошните медиуми.

Рудникот се наоѓа во Каталонија, 80 километри северно од Барселона. Поташата се користи во земјоделството како ѓубриво и како суровина во фармацевтската индустрија и производството на експлозиви, стакло и хемикалии.

Со рудникот стопанисува Iberpota, во сопственост на ICL Group од Тел Авив. Компанијата се уште нема коментар за настанот.

РудникШпанија