ТРАГЕДИЈА! УМРЕ ПОЗНАТИОТ КОМИЧАР (41) се бореше да преживее по страшна сообраќајна несреќа

Огромна загуба за светот на комедијата…

Комичарот Герет Ричардс вчера трагично почина, откако пред десет дена доживеа страшна сообраќајна несреќа.

Гарет се боришеза живот во болница по несреќата на 27 март.

Неговата сопруга Лаура ја потврди тажната вест дека тој починал поради сериозни повреди на мозокот.

– Со голема тага морам да споделам дека Гарет почина на Велики петок, 7 април во 6:30 часот. Чудо е што успеа да стигне до болница жив. Лекарите и медицинските сестри беа неверојатни и го одржуваа стабилен под седативи. Сепак, последното скенирање покажа дека штетата од повредите е огромна и тој почина во мир. Децата се држат добро – напишала Лаура.

Ричардс имаше само 41 година. Зад себе ја остави сопругата Лаура и две деца.

Деталите за погребот се уште не се познати. Членовите на семејството се збогуваат со Гарет, но и бројни колеги комичари испратија зборови на поддршка.