ТРАГИЧЕН БАЛАНС – Бројот на загинати по земјотресот во Турција и Сирија се искачи на речиси 50.800 луѓе

Бројот на луѓе за кои е потврдено дека загинале во неколкуте разорни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во месец февруари се искачи на 50.782 само во Турција, според објавените владини податоци.

Помеѓу нив има околу 7.300 странци“, соопшти во саботата министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за турски CNN.

Два силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги потресоа на 6. февруари југоисточна Турција и северна Сирија.

Вкупно повеќе од 57.000 жители загинаа во двете земји, а повеќе од два милиони останаа без покрив над главата само во Турција.

Минатата недела, невремето во регионот Кахраманмарас погоден од земјотрес ги оштети шаторите во кои привремено се сместени преживеаните, при што загина едно лице, а најмалку 50 беа повредени.

Пред парламентарните и претседателските избори во Турција на 14. мај, Сулејман Сојлу кажа дека ќе бидат преземени безбедносни мерки во областите погодени од земјотресот, но не даде детали. Министерот додаде дека ќе се гласа во училишта и безбедните објекти.

земјотресСиријаТурција