Француската полиција објави трагични информации поврзани со случајот со исчезнатото двегодишно момче во Франција.
Имено, Емил Солеил исчезна минатата година, но полицијата соопшти дека неговите останки биле пронајдени во алпско село, речиси девет месеци откако првпат исчезнал.
Во соопштението објавено во неделата од државните обранители, се наведува дека „генетската анализа потврдува дека коските припаѓаат на Емил“.
Се додава дека во тек е „криминална истрага“, а полицијата врши „дополнителни истраги“ на подрачјето каде што се пронајдени. Местото за пребарување е 3,2 километри воздушна линија од куќата во Хаут-Вернет, село јужно од Гренобл, каде Емил последен пат бил виден со неговиот дедо, Филип Ведовини.
Remains belonging to little French boy Émile Soleil who vanished without trace eight months ago are found in the Alps https://t.co/2CYVOLaZNJ pic.twitter.com/m4lKAKDE2S
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 31, 2024
Оттогаш, немаше трага од Емил, а инспекторите одбија да отфрлат каква било теорија за трагедијата, вклучително и киднапирање и убиство. Емил беше оставен кај неговиот дедо на денот на неговото исчезнување, бидејќи неговите родители решиле да се „одморат“ тој ден.
Еден од сведоците го видел дедото на Емил како сече дрва пред неговата куќа во периодот кога се смета дека Емил изчезнал. Немаше коментар од семејството на Емил по информацијата дека се откриено неговите останки од страна на истражните органи. Тие беа на миса во неделата на Велигден кога се објави веста.
Потрагата по Емил беше започната веднаш штом момчето исчезна, а главниот обвинител Реми Авон, кој ја води судската истрага за исчезнувањето на Емил, рече дека се разгледува можноста Емил да бил убиен, киднапиран или вмешан во некаков вид на несреќа.
Sad news today that the remains of Émile Soleil have been found in the French Alps. No further details have been released at this time in regards to the circumstances surrounding his death. Our thoughts go out to his family at this difficult time 💙 https://t.co/7UjcIdMRqv pic.twitter.com/EyFpxUUTRi
— Dark Curiosities 🦌 (@ADarkCuriosity) March 31, 2024
Тој потврди дека куќата на родителите на Емил, во јужниот град Ла Бујадис, во близина на Марсеј, била претресена уште во јули, додека куќите на неговите баба и дедо во близина, на Алпите, исто така биле претресени, пишува Мирор.
Патем, семејството на Емил ги поканило луѓето да му се молат на Бенои Ренкурел, француски овчар за кој се вели дека Богородица му се појавила неколку пати помеѓу 1664 и 1718 година. Во меѓувреме, жителите на Верне го нарекоа местото опседнето и „селото на проклетите“ поради неговата поврзаност со катастрофата.