Трагичен случај е регистриран во Маврово, во кој животот го загуби малолетник.
Според информации на СВР Тетово, вчера во 18 часот во полиција Маврово, 55-годишниот Д.Ѓ. пријавила дека нејзиниот малолетен син бил повреден и починал откако врз него дома паднал бојлер.
„На 27.06.2024 година во 18:00 часот во полиција Маврова Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син бил повреден и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во месноста Маврова.
За настанот е известен јавен обвинител, а екипа на регионалната полиција Гостивар извршила проверка на местото на настанот“, се наведува во соопштението.