Трагичната сообраќајка во Скопје, Обвинителството почнува истрага за смртта на 22-годишната жена

Задолжителниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на местото на настанот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 22-годишна жена.

Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил „пежо“ со скопски регистерски таблички, управуван од 20-годишен маж, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Возачот бил запрен и издадена е потерница за тестови на крв и урина. Јавен обвинител издаде и наредби за обезбедување на надзорна видео снимка на локацијата, како и преземање на сите други дејствија за целосно разоткривање на настанот“, велат од Обвинителството