Телото на девојчето било пронајдено вчера попладне недалеку од НАТО рампата кај Вормс.
Девојчето (15), чие тело е пронајдено на брегот на Рајна, најверојатно е убиено затоа што нејзините родители не сакале таа да стане „мало девојче од запад“.
Полицијата во Германија ги приведе таткото (39) и мајката (34) на убиеното девојче, двајцата по потекло од Авганистан, кои се главни осомничени за злосторството.
Според Билд, токму мајката ја открила локацијата на телото на убиената тинејџерка, кое било пронајдено во понеделникот вечерта во близина на рампата на НАТО во Вормс. Имено, мајката во понеделникот попладне сама дошла во полиција и рекла дека се сомнева дека нејзиниот сопруг ја убил нивната ќерка во саботата.
Полицијата веднаш покренала истрага, а околу 18 часот на брегот на реката пронашла безживотно тело.
Целиот простор веднаш бил блокиран, а во извлекувањето на телото учествувале и пожарникари за да не се загрозат потенцијалните докази. Додека форензичарите го чешлаа теренот, полицијата го приведе таткото и му го одзеде автомобилот, кој исто така се вештачи.
Се претпоставува дека осомничениот ја внел ќерка си во автомобил и ја возел на околу 120 километри од местото каде што живееле, речиси сè до границата со Франција, каде ја убил и го фрлил нејзиното тело.
Но, при распитот на мајката било констатирано дека нејзините изјави се неконзистентни, поради што таа сега е осомничена и за убиство.
Двајцата се во притвор“, соопшти полицијата.
Извор од истрагата вели дека мотивот се уште не е утврден, но првите резултати од истрагата покажуваат дека родителите не биле задоволни што девојчето се однесувало „западно“ и затоа решиле да ја убијат.