Дедо Мраз и неговите ирваси го започнаа своето патување околу светот, а во следните 24 часа ќе застанат на бројни места.
Секоја година, Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) обезбедува следење на санките на Дедо Мраз во реално време додека патува низ планетата.
Оваа традиција трае од 1955 година, кога грешка во реклама на стоковна куќа довело до тоа дете да се јави во воениот команден центар барајќи да разговара со Дедо Мраз.
Воздухопловниот полковник Хари Шуп, кој одговори на повикот таа вечер, реши малку да се забавува и влезе во улогата на Дедо Мраз. После тоа пристигнале уште повици, поради што му доделил задача на службено лице да ги преземе сите повици и со тоа започнал празничниот обичај кој НОРАД го продолжил и по неговото создавање во 1958 година.
Со децении, NORAD ги остава настрана своите вообичаени должности во воздушниот простор за да одговори на прашањата на децата за патувањата на Дедо Мраз и неговата мисија за доставување подароци.
Секоја година, најмалку 100.000 деца се јавуваат во NORAD за да се распрашаат за локацијата на Дедо Мраз, а милиони луѓе го следат неговото патување по меридијаните на Земјата онлајн. Сега можете и вие да го направите тоа.