ТРАДИЦИЈА – Владимир Путин на велигденска литургија во храмот ‘Христос Спасител’ – претседателот на Русија облечен во свечено одело и со свеќа во рака учествуваше во богослужбата (фото/видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, присуствуваше на велигденската богослужба во катедралата „Христос Спасител“.

Свечената литургија во чест на празникот ја служил патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

Владимир Путин се појавил во црквата околу полноќ, непосредно пред велигденското утро, кое започнува веднаш по литургијата. Претседателот на Русија бил облечен во свечен костум, а во рацете држел запалена црковна свеќа. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, стоел веднаш до Владимир Путин на богослужбата во главната катедрала во земјата.

Владимир Путин и Сергеј Собјанин

Првиот човек на државата традиционално присуствува на богослужбите за време на големите црковни празници. Владимир Путин обично го слави Божиќ во цркви надвор од московскиот регион, но на Велигден претседателот на Русија, по правило, доаѓа во црквата „Христос Спасител“.

Тој само два пати учествуваше на велигденските прослави надвор од главниот град – во 2000 година во катедралата „Исак“ во Санкт Петербург и во 2003 година во катедралата „Свети Никола“ во Душанбе, каде што беше во официјална посета.

Првиот човек на државата еднаш ја пропушти Велигденската богослужба – во 2020 година поради пандемијата со вирусот Ковид-19 (но запали свеќа во црквата во Ново-Огарјево).

Владимир Путин и Сергеј Собјанин

Како што истакнал и самиот Владимир Путин, Велигден ги обединува православните христијани, сите граѓани на Русија кои го слават Христовото Воскресение, околу високите морални идеали и вредности, и кај луѓето се будат најсветлите чувства, вербата во триумфот на животот, добрината и правдата.

Велигден е главниот празник на целиот христијански свет, кој го означува воскресението на распнатиот Исус Христос од мртвите, клучен настан во историјата на христијанството. Руската Православна Црква (РПЦ) го пресметува својот датум врз основа на соларниот и лунарниот календар.

ВелигденВладимир ПутинРусија