Решени да продолжат и да ги интензивираат блокадите и протестите, грчките земјоделци, кои според државната телевизија ERT не се задоволни од мерките за поддршка, што денеска ги соопшти премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.
Пред објектот на Меѓународниот саем во центарот на Солун каде што се одржува саемот „Агротика“ од вчера се паркирани над 300 трактори, а претставниците на земјоделците за ERT рекле дека владините мерки во главно се однесуваат на земјоделците од областа Тесалија.
Паралелно, најавиле дека ќе одржат состанок за да одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори.
Со идентичен став се и земјоделците од централна Грција, кои попладнево, симболично затворија дел од автопатот меѓу градовите Трикала и Лариса.
За утре напладне закажан е голем протест во Солун на земјоделците и од централна и од северна Грција.
Премиерот на Грција од Парламентот денеска соопшти дополнителни мерки за поддршка на земјоделците, како што е враќање на специјалниот данок на потрошувачка на нафта и во 2024 година, како попуст од десет отсто на струјата за земјоделско производство.