Американскиот претседател Доналд Трамп со студен туш за изгледите за напредок во напорите за посредување во прекин на огнот во Украина, велејќи дека нема да има исчекор кон примирје сè додека не седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин.
„Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ за време на неговата моментална турнеја на Блискиот Исток.
Коментарите доаѓаат откако Путин стави крај на шпекулациите дека тој може лично да присуствува на преговорите и испрати делегација од пониските ешалони. Трамп сигнализираше дека и тој ќе присуствува доколку Путин биде присутен.
„Не сум разочаран од ништо“, рече Трамп кога го прашаа дали е разочаран од делегацијата на пониско ниво што ја испрати Путин.
„Очигледно, тој немаше да оди. Ќе оди, но мислеше дека и јас ќе одам. Немаше да оди ако јас не бев таму. И не верувам дека нешто ќе се случи, без разлика дали ви се допаѓа или не, додека тој и јас не се состанеме. Но, ќе мора да го решиме тоа бидејќи премногу луѓе умираат“, додаде Трамп.