Трамп вели дека е разочаран од Путин и не верува дека тој ќе ја заврши војната

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и дека не мисли дека тој ќе ја запре војната во Украина.

Познато е дека оваа изјава доаѓа откако двајцата лидери вчера разговараа по телефон во разговор за кој Трамп рече дека не резултирал со никаков напредок во напорите за завршување на војната во Украина, пишува skynews , пренесува Telegraph.

Кремљ соопшти дека разговорот бил „отворен и конструктивен“, а советникот на Путин за надворешни работи, Јуриј Ушаков, тврдеше дека двајцата лидери „имале ист став“.

Тој рече дека Путин му рекол на Трамп дека „Русија ќе продолжи да ги остварува своите цели“ во Украина и дека „нема да се повлече“ од своите цели таму.

Инаку, синоќа Украина се соочи со најтешкиот руски воздушен напад досега во војната.

Трамп додаде дека подоцна денес ќе разговара со Володимир Зеленски, украинскиот претседател.