Трамп во водство пред Бајден: Прво истражување на јавното мислење по обидот за атентат

Она што загрижува е дека огромното мнозинство од испитаниците, кои исто така се регистрирани гласачи, се загрижени за „хаосот во Америка“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е во водство пред Џозеф Бајден, актуелниот шеф на Белата куќа, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење, пред претседателските избори закажани за првиот вторник во ноември!

Како што објави Фокс њуз, ова е прво истражување на јавното мислење спроведено откако Трамп беше нападнат минатата сабота, кога беше полесно повреден и кога беше убиен напаѓачот Метју Томас Крукс (20).

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, Трамп има два процентни поени предност пред Бајден. За него би гласале 43 отсто од испитаниците, а за Бајден 41 отсто.

Она што загрижува е дека огромното мнозинство од испитаниците, кои исто така се регистрирани гласачи, се загрижени за „хаосот во Америка“. Дури 80 отсто од нив сметаат дека „земјата излегува од контрола“ по нападот на Трамп.

Маргината на грешка во истражувањето е плус или минус до три проценти. Истражувањето беше спроведено на вториот ден од Националната конвенција на Републиканците во Милвоки, каде Трамп го избра сенаторот од Охајо Џеј-Ди Венс за свој кандидат за потпретседател.