Трамп врие од бес, му се закани на Путин! – „Доколку јас и Русија не успееме да постигнеме договор, ќе наметнам тарифи на целата нафта”

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу вознемирен“ и „гневен“ на неговиот руски колега Владимир Путин поради украинското прашање и се закани дека ќе воведе нови царини за руската нафта.

„Доколку Русија и јас не успееме да постигнеме договор за прекин на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е виновна Русија, ќе воведам секундарни царини за целата нафта што излегува од Русија“, рече Трамп во интервју за американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си.

Трамп додаде дека планира да разговара со Путин во наредните денови.