Претседателскиот кандидат во САД пред Републиканската партија, Доналд Трамп повторно даде контроверзен коментар, а овој пат на мета беа Евреите кои гласаат за Демократската партија.
Во интервју за њујоршко радио со водителот Сид Роузберг, Трамп ги нарече Евреите кои гласаат за Демократската партија „апсолутни будали“, а потоа ги издвои сенаторот Бенри Сандерс и сопругот на Камала Харис, Даг Емхоф, кого ги нарече „лоши Евреи“.
Покрај тоа, тој рече дека „секој Евреин што не гласа за него треба да му се провери главата“, а во претходните интервјуа тој нагласи дека секој Евреин што гласа за демократите „ја мрази својата религија“.
Емхоф директно му одговори на Трамп, велејќи дека Трамп користи стереотипи за да го понижи еврејскиот народ и потсети на врските на неговите соработници со неонацистичките идеи и групи.
Трамп беше критикуван и од кампањата на Камала Харис и Чак Шумер, висок функционер на Демократската партија и исто така Евреин.