Трамп ги повика ОПЕК и Саудиска Арабија да ја намалат цената на нафтата за да ја принудат Русија да преговара

Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, Доналд Трамп ги повика земјите од ОПЕК и Саудиска Арабија да ја намалат цената на нафтата, што ќе создаде услови за санкции против Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп посочува дека единствен начин да се принуди Русија да преговара е воведување нафтени санкции, односно намалување на цената на нафтата на светскиот пазар со поддршка на Саудиска Арабија и ОПЕК.

„Исто така, ќе побарам од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата, вие мора да ја намалите, што искрено, изненаден сум што не го направија тоа пред изборите“, рече Трамп.

Трамп заклучи дека намалувањето на цената на нафтата ќе помогне да се стави крај на војната во Украина, која Русија делумно ја финансира со своите приходи од извозот и продажбата на нафта.

Треба да се истакне дека цената на нафтата ја одредува глобалниот пазар, но големо влијание има и количината на нафта произведена од Саудиска Арабија и другите членки на ОПЕК.

„Доколку цената (на нафтата) падне, војната меѓу Русија и Украина ќе заврши веднаш. Во моментов, цената е доволно висока за да продолжи таа војна“, заклучи Трамп.