Трамп го губи трпението со Украина и Русија: Имаат рок во кој очекувам да седнат да разговараат

Американскиот претседател изјави дека Русија и Украина „сакаат мир“ и ги повика да „седнат на маса“ за разговори за ставање крај на војната.

Доналд Трамп ја користи можноста пред светските камери во Кабинетот на Белата куќа да зборува за војната во Украина.

„Долго чекаме, тие треба да седнат на маса и мислам дека ќе се постигне мир“, рече тој.

Запрашан за временската рамка за постигнување договор, Трамп додаде дека „имам своја временска рамка“.

„Велам дека можеме да спасиме илјадници луѓе, а не ми се допаѓа тоа што трае толку долго. Но, мислам дека и двете страни сакаат да склучат мир. Верувам во тоа, иако има многу омраза“, изјави 78-годишникот.

Американскиот лидер денеска го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин по силните напади во Киев, Украина, во кои загинаа најмалку 12 лица.

Инаку, Русија ја започна својата инвазија на украинската држава на 24 февруари 2022 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.