Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска објави дека го избрал Дејвид Финк за администратор на Федералната управа за железници (FRA).
– Дејвид ќе ги донесе своите 45 плус години лидерство и успех во транспортот, што ќе ја доведе FRA во нова ера на безбедност и технолошки иновации – напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесе Ројтерс.
Трамп официјално ќе ја преземе функцијата на 20 јануари 2025 година по церемонијата на инаугурација.