Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го прослави националниот празник Денот на благодарноста во неговиот приватен клуб Мар-а-Лаго во Флорида, каде што, меѓу другото, беше придружуван од милијардерот Илон Маск.
Секако, на прославата се приклучија и сопругата на Трамп, Меланија и нивниот син Барон.
Во еден момент беше пуштена хит песната „YMCA“, на која заедно танцуваа Трамп и Маск, како и останатите гости.
Меѓу гостите биле и познат актер
Неименуван извор открил за „Page Six“ дека на забавата бил и холивудскиот актер Силвестер Сталоне.
–
Сталоне дојде околу 20 часот. Семејството Трамп пристигнало околу 18:45 часот, а заминаа во 21:15 часот. На вечерата имаше 300 луѓе и сè беше отворено за членовите на клубот и нивните гости – објаснил изворот.
Раскошна вечера
– Тоа беше раскошно бифе со мисирка и сите други додатоци, апсолутно сè што можете да замислите. Масите беа украсени со аранжмани на есенски бои – опиша изворот на „PageSix“.
Трамп наводно ги забавувал другите за време на вечерата преземајќи ја улогата на диџеј.
Инаку, цената на билетот за оваа свечена манифестација беше 350 долари.