Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со рускиот лидер Владимир Путин во средата наутро.
Трамп рече дека имал долг телефонски разговор со Путин.
Тој откри дека разговарале за Украина, Блискиот Исток, енергетски прашања и други теми.
„Се согласив со Путин дека конфликтот во Украина треба да заврши“, рече Трамп.
Си-Ен-Ен претходно објави дека двајцата лидери разговарале телефонски.
„Информиран сум дека претседателот Трамп утрово разговарал со рускиот претседател Владимир Путин“, напиша репортерот на CNN на X.
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со американскиот колега Доналд Трамп, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Телефонскиот разговор меѓу претседателот Путин и претседателот на Соединетите Држави Доналд Трамп штотуку заврши“, рече тој.
Разговорот траеше речиси час и половина. Претседателот Трамп повика на брз прекин на непријателствата и мирно решавање на проблемот.
Лидерите на двете земји разговараа за Украина, за ситуацијата на Блискиот Исток, за иранската нуклеарна програма, за размена на руски и американски државјани и за понатамошни контакти, вклучително и средба.
Рускиот претседател го покани американскиот претседател да ја посети Москва.