Трамп како папа: Пред конклавата, американскиот претседател објави фотографија на која изгледа како лидер (ФОТО)

Неколку дена пред почетокот на конклавата, изборот за нов папа, американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа „Truth“ монтирана фотографија на која е облечен како папата.

Трамп претходно се пошегува дека е подготвен да стане нов папа, а фотомонтажата, која ја објави без придружен текст, најверојатно е создадена со помош на вештачка интелигенција, според светските медиуми.

На фотографијата, Трамп седи на позлатен престол, облечен како папа, со митра на главата и големо златно распетие на градите, показалецот од десната рака е кренат нагоре, а на домалиот прст носи нешто што личи на папски прстен.

Папата Франциск почина на 21 април на 89-годишна возраст како последица на мозочен удар. Тој беше погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре.

Американскиот претседател Трамп присуствуваше на погребот.