Трамп како претседател не ги пријавил меѓународните подароци што ги добил во износ од 300 илјади долари

Стејт департментот откри дека Доналд Трамп и неговото семејство добиле 117 подароци и никогаш не ги пријавиле, вклучително и кама во вредност од 35.000 долари.

Доналд Трамп, заедно со другите членови на семејството, не пријавил повеќе од 100 подароци во вредност од околу 300.000 долари што ги добиле од странски влади. Подароците беа примени за време на претседателствувањето на Трамп помеѓу 2017 и 2020 година.

Иванка Трамп, нејзиниот сопруг Џеред Кушнер и нивните деца, исто така, наводно се одговорни за 33 необјавени подароци вредни околу 82.000 долари, пишува Си-Ен-Ен.

Законот за странски подароци и украси им забранува на претседателот и федералните службеници да примаат странски подароци во вредност од повеќе од 415 долари.

Подароците дадени од официјални лица како што се кинескиот претседател Си Џинпинг и саудискиот престолонаследник Мохамад бин Салман никогаш не биле пријавени во Стејт департментот.

Иако Стејт департментот ја започна својата истрага пред една година, во соопштението на 17 март, објави дека новите информации добиени од комитетот откриваат дека неоткривањето подароци од странски влади биле многу пораспространети од претходно познатите и проширени низ администрацијата на Трамп.

Во соопштението се наведува дека евиденцијата покажува дека Трамп и неговото семејство примиле 117 странски подароци и не ги пријавиле додека тие изнесуваат околу 291.000 долари.

Подароците вклучуваат кама на емирот од Катар (проценета на 35.000 долари), узбекистански свилен килим (проценета на 12.000 долари) и преголем портрет на Трамп од Ел Салвадор.