Трамп: Мировниот договор би можел да стави крај на војната без претходно примирје

Доналд Трамп вели дека „сите“ веруваат дека мировниот договор може да ја заврши војната без претходно примирје.

Американскиот претседател штотуку напиша на Truth Social по она што го нарече „одличен и многу успешен ден во Алјаска“.

Тој рече дека средбата со рускиот колега Владимир Путин „поминала многу добро, како и телефонскиот разговор доцна во ноќта со украинскиот претседател Зеленски и разни европски лидери“.

„Сите одлучија дека најдобриот начин да се стави крај на ужасната војна меѓу Русија и Украина е директно да се премине кон мировен договор, кој би ја запрел војната, а не кон договор за прекин на огнот, кој честопати не држи“, тврди 79-годишникот.

Тој, исто така, потврди дека ќе го пречека Зеленски во Овалната соба во понеделник.

„Ако сè оди добро, тогаш ќе закажеме средба со претседателот Путин“, додаде тој, заклучувајќи дека „Потенцијално, милиони животи би можеле да бидат спасени. Ви благодарам за вашето внимание кон ова прашање!“, заклучи Трамп.

Инаку, Зеленски ја потврди средбата со американскиот претседател и рече дека имал добар телефонски разговор со Трамп.