Трамп: Можеме брзо да ја завршиме оваа војна

Доналд Трамп изјави дека верува оти САД можат да помогнат во брзото завршување на војната во Украина и смета дека Володимир Зеленски и Владимир Путин сакаат да постигнат мировен договор.

Тој рече дека ќе разговара со Зеленски за ракетите „Томахавк“ за време на нивниот состанок денес, додавајќи дека „многу би сакал да не им требаат „Томахавците“.

„Продажуваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија“, рече Трамп.

Не сме тука за тоа, тука сме да ја завршиме војната.“

Инаку, на Трамп му беше поставено прашање дали Путин си игра со време предлагајќи уште еден самит лице в лице со американскиот лидер.

Тој рече: „Можно е. Цел живот ме лажеле.“

„Но, јас сум доста добар во овие работи ако тој сака да склучи договор.“