Американскиот претседател бара алтернатива на гигантскиот проект од 175 милијарди долари, додека Илон Маск повеќе не е дел од планот.
Доналд Трамп објави дека бара алтернатива на многу дискутираниот проект за ракетна одбрана „Голден Дом“, со што официјално ги исклучува Илон Маск и неговата компанија „СпејсИкс“ од следните фази на развој.
Проектот, за кој се проценува дека ќе чини околу 175 милијарди долари, има за цел да создаде софистицирана одбранбена мрежа против непријателски ракети и беспилотни летала – не само од земја, туку и од вселена, преку употреба на сателитска технологија. Според Трамп, системот ќе покрива клучни делови од територијата на САД и треба да биде оперативен до јануари 2029 година.
🚨HUGE: Elon Musk’s SpaceX is the FRONTRUNNER to build President Trump’s “Golden Dome” missile defense system. pic.twitter.com/HTZLyMscd1
— Benny Johnson (@bennyjohnson) April 17, 2025
„Веќе го одбрав дизајнот за проектот. Тој ќе биде најнапредниот во светот и ќе ја заштити Америка како никогаш досега“, рече Трамп за време на конференција во Флорида, пишува Ројтерс .
Генералот на вселенските сили, Мајкл Гетлајн, е именуван за водач на проектот, а како можни локации за системот се споменуваат Алјаска, Флорида, Џорџија и Индијана. Канада е исто така спомената како потенцијален партнер во оваа стратешка иницијатива.
Првично, SpaceX на Маск се сметаше за фаворит за реализација на вселенскиот сегмент на системот, заедно со компаниите Palantir и Anduril.
Сепак, Трамп сега истражува други опции, алудирајќи дека заладените односи со Маск можеби влијаеле на оваа најнова одлука.
Проектот „Златна купола“ се смета за еден од најскапите во воената историја на САД и предизвика силни реакции од земји како Кина и Русија, кои го сметаат за чекор кон милитаризација на вселената.