Трамп му порача на Нетанјаху дека мора да биде внимателен со Катар бидејќи е „голем сојузник на САД“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел мора да биде „многу внимателен“ во однос на тоа како се однесува кон Катар.

На аеродромот Мористаун во Њу Џерси, еден новинар го праша Трамп дали има порака за премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со израелските напади врз лидерите на Хамас во Катар од минатата недела, кои се чини дека не успеаја да ги елиминираат.

„Мојата порака е дека мора да бидат многу, многу внимателни. Мора да преземат нешто во врска со Хамас, но Катар е голем сојузник на Соединетите Американски Држави“, одговори Трамп.

Откако вечераше со владетелот на Доха, Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, во петокот, американскиот претседател го нарече „прекрасна личност“ и додаде дека му рекол оти на Катар му се потребни „подобри односи со јавноста“ затоа што „луѓето зборуваат толку лошо за тоа, а не треба“.