Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави воведување секундарни царини за Венецуела поради сомневањата дека земјата тајно испратила десетици илјади членови на криминални банди во САД, јавува Anadolu.
Трамп рече дека Венецуела покажала „многу непријателски“ став кон Соединетите држави и дека испратила голем број опасни криминалци, вклучително и членови на уличната банда Трен де Арагуа, која тој ја нарече странска терористичка организација на почетокот на јануари.
„Воведуваме секундарни тарифи“
„САД ќе го наметнат она што се нарекува секундарна тарифа на Венецуела, поради повеќе причини, вклучително и испраќање криминалци од висок профил во САД“, објави Трамп на социјалните мрежи.
„Меѓу бандите испратени во САД е Трен де Арагуа, која е прогласена за странска терористичка организација. Во моментов работиме на нивно враќање во Венецуела – тоа е голема задача“, додаде тој.
Трамп, исто така, најави царини од 25 отсто за секоја земја што ќе продолжи да купува нафта или гас од Венецуела, кои стапуваат во сила од 2 април.