Американскиот претседател Доналд Трамп изјави, по разговорите со рускиот лидер Владимир Путин , дека очекува да се сретне со него, најверојатно во Саудиска Арабија.
Трамп оваа изјава ја даде пред новинарите во Белата куќа, јавува Би-Би-Си .
Трамп го опиша својот разговор со Путин како добар и рече дека траел повеќе од еден час, додавајќи дека не смета дека е практично Украина да стане членка на НАТО.