Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот претходник Џо Бајден ја довел земјата во вистински „хаос“ со Русија, катастрофалното повлекување на американските сили од Авганистан и нападот на Хамас врз Израел.
„Нечесниот Џо Бајден нè доведе во вистински „хаос“ со Русија (и сè друго!), но јас ќе не извлечам“. Милиони луѓе се непотребно мртви, никогаш повеќе нема да се видат… а ќе има уште многу ако не завршиме и не потпишеме прекин на огнот и конечен договор со Русија. Немаше да има војна да бев претседател“, напиша Трамп на платформата Вистина (Truth Social).
Трамп рече и дека „немало да има 7 октомври во Израел во 2023 година, а повлекувањето на американските војници) од Авганистан би било направено со сила и гордост.
„Наместо момент на слава повлекувањето од Авганистан беше најсрамниот ден во историјата на нашата земја. Исто така, немаше да има значителна инфлација – наместо тоа, имаме рекордна инфлација што ја уништува земјата, каква што досега не сме виделе“, рече Трамп.
Тој додаде дека ако бил избран за претседател во претходниот мандат, САД ќе имале непробојна граница, со многу малку илегалци кои ја минуваат.
„Оф, каква разлика ни направија наместените и нефер избори, а луѓето што ни го направија ова треба да одат во затвор! Бог да ја благослови Америка, да ја направиме Америка повторно голема“, напиша Трамп.