Германија очекува мировни преговори оваа година.
Преговорите меѓу Русија и Западот за решавање на конфликтот во Украина треба да започнат во 2024 година, особено ако Доналд Трамп победи на изборите во САД , изјави пратеникот во германскиот Бундестаг Матијас Мосдорф.
– Тоа го очекувам. Хаосот ќе заврши – најдоцна по победата на Доналд Трамп во Америка . Неговата победа може да биде позитивен момент. Тоа е големата надеж на разумните луѓе на овој свет – изјави Мосдорф во интервју за „Известија“.
Тој исто така додаде дека многумина веќе се уморни од постапките на актуелниот шеф на Белата куќа, Џозеф Бајден.
– Бајден и неговите корумпирани стратези се во крв до лактите. На луѓето ширум светот им е преку глава од тоа – оценува Мосдорф.
Претседателските избори во САД треба да се одржат во ноември 2024 година. Во декември, рејтингот на Доналд Трамп за прв пат го надмина оној на актуелниот шеф на Белата куќа, Џозеф Бајден (47% наспроти 43%).
Европските земји стравуваат дека доколку на власт дојде републиканец, Вашингтон ќе ги преиспита своите пристапи за поддршка на Киев во украинскиот конфликт.