Трамп објави застрашувачка порака – започнува офанзивата против Русија, еве како

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да побара офанзива против Русија за време на неговата посета на Белата куќа.

Трамп изјави дека сака да ги чуе аргументите на Зеленски за започнување на офанзивата , нагласувајќи дека ќе донесе одлука по разговорите во Вашингтон.

– Тие сакаат да преминат во офанзива. Јас ќе донесам одлука за тоа, но тие сакаат офанзива –  рече Трамп, според американската телевизија Си-Ен-Ен (CNN).

„Јас не сум обожавател на војната“

Трамп додаде дека се справува со војната во Украина бидејќи постои можност да се спасат многу животи.

– Не сум обожавател на војната, не сум обожавател на начинот на кој таа започна –  рече американскиот претседател.

Зеленски ќе ја посети Белата куќа во петок, каде, според американските медиуми, ќе се обиде да го убеди Трамп за потребата од дополнително оружје и овластување за офанзивни операции.

Барањата на Киев: „Томахавк“ и „Патриот“

Украинскиот претседател претходно побара од европските сојузници да купат ракети со долг дострел „Томахавк“ од САД и да ги испратат во Украина. Тој, исто така, побара дополнителни противвоздушни системи „Патриот“ од Вашингтон.

Трамп досега не одобрил ниту едно од тие барања, предупредувајќи дека евентуалната употреба на ракети „Томахавк“ би претставувала „нова агресија“ и дополнително би го зголемила ризикот од ескалација на конфликтот.