Трамп објаснува зошто е намален бројот на туристи кои сакаат да ги посетат САД

Значително е намален бројот на странски туристи кои доаѓаат во Соединетите Американски Држави.

Најголем пад е забележан кај посетителите од Западна Европа.

Според последните податоци, меѓународните пристигнувања во САД минатиот месец биле за 12 отсто помали во споредба со истиот период минатата година.

Уште поголем пад е забележан кога се во прашање туристите од Западна Европа, што предизвика загриженост во туристичкиот сектор.

На прашањето на новинарите зошто се помалку луѓе сакаат да патуваат во Америка, актуелниот американски претседател Доналд Трамп даде краток коментар.

„Можеби ова има малку врска со национализмот, мислам. Но, тоа не е голема работа“, рече 78-годишникот.

Тој исто така додаде дека силниот долар може да влијае на овие случувања.

„Знаете, Кина секогаш ќе се труди да го задржи слабиот долар. Истото важи и за Јапонија“, рече американскиот лидер, навестувајќи дека силната американска валута може да ги поскапи патувањата за странските туристи.