Доналд Трамп рече дека судскиот процес против него е „многу тежок“ за неговата сопруга, поранешната прва дама Меланија Трамп.
Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој беше осуден за кривично дело кога беше прогласен за виновен во четвртокот за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги во случај што произлегува од тајната исплата на актерката Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Тој беше обвинет дека се обидел да ја прикрие веста за наводната вонбрачна сексуална врска. Трамп негираше дека имал афера со Даниелс и силно ја критикуваше пресудата на поротата.
„Таа сигурно ги чита сите тие срања“
Додека неколку членови на семејството на Трамп присуствуваа на судењето за да ја покажат својата поддршка, Меланија Трамп не дојде во судницата на Менхетен.
Во интервјуто што се емитуваше на Фокс во неделата, Трамп рече дека Меланија е „добро“, но дека е „многу тешко“.
„Мислам дека е потешко за моето семејство отколку за мене“, рече Трамп. “Таа е добро, но мислам дека е навистина тешко за неа. Мислам, таа е добро. Но, знаете, таа мора да го прочита сето ова ср***”, додаде тој.
Инаку, извори блиски до Трамп последните денови зборуваа за гневот на Трамп што Меланија не му пружила јавна поддршка. Исто така, Меланија не се појави на ниту едно судење во постапката против Трамп.