Трамп откри што му напишал Зеленски во писмото: „Пристигна денес“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вечерва, за време на неговото обраќање во Конгресот, дека добил писмо од Украина „пред извесно време“ од претседателот Володимир Зеленски .

Според Трамп, во писмото се наведува дека Украина е подготвена „да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи траен мир“.

Трамп рече дека во писмото, меѓу другото, се вели: „Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силното водство на претседателот Трамп за да постигнеме мир што ќе трае. Навистина цениме колку Америка направи за да и помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и независност“.

Зеленски наводно пишувал и за договорот за минерали и изјавил дека е подготвен да го потпише.

„Во однос на договорот за минерали и безбедност, Украина е подготвена да го потпише во секое време погодно за вас“, напиша Зеленски, според Трамп.

Трамп и Зеленски требаше да потпишат договор за минерали во Белата куќа во петокот, но украинскиот лидер ја напушти средбата по жестока расправија.

Трамп вечерва изјави дека е благодарен за писмото на Зеленски, додавајќи дека „истовремено тие водат сериозни разговори со Русија и добиваат силни сигнали дека се подготвени за мир“.