Доналд Трамп победи и на претседателските избори во Аризона, проектира Едисон Рисрч во саботата, завршувајќи ја победата во сите седум држави кои беа одлучувачки на овие избори, зацврстувајќи ја неговата победа над демократската потпретседател Камала Харис.
Кандидатот на Републиканската партија Трамп, кој до среда наутро обезбеди 270 гласови на Изборното собрание, т.н. Изборниот колеџ кој е потребен за освојување на Белата куќа сега се очекува да има конечни 312 гласа наспроти 226-те на Харис.
Освен Аризона, Трамп ги освои и другите шест клучни држави: Мичиген, Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Висконсин и Невада.
Откако Конгресот ќе го потврди гласањето на Изборниот колеџ на 6 јануари, Трамп и неговиот иден потпретседател, американскиот сенатор Џеј Ди Венс, треба да ја преземат функцијата на 20 јануари.
Републиканците блиску до мнозинството во Претставничкиот дом
Републиканците се блиску до преземање на контролата врз Претставничкиот дом, што е од клучно значење за непречено спроведување на политиките на новоизбраниот претседател Трамп.
Иако се уште се пребројуваат гласовите од изборите на 5 ноември, републиканците обезбедија 213 места во 435-члениот Претставнички дом, според Едисон Рисрч.
Републиканците треба да освојат уште пет места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом и веќе имаат доволно обезбедени места за да ја одземат контролата врз американскиот Сенат од демократите.
Според Edison Research, демократите досега освоиле 205 места во Претставничкиот дом. Демократите ќе треба да освојат 13 од преостанатите 17 места за да ја преземат контролата врз таа комора.
Републиканската контрола на Сенатот
Со победата на Трамп на претседателските избори и републиканската контрола на Сенатот, задржувањето на Претставничкиот дом ќе им даде на републиканците големи можности да ја протуркаат големата агенда за намалување на даноците и трошоците, енергетската дерегулација и граничните безбедносни контроли.
Повеќето од преостанатите 17 трки за Дом се во западните држави каде што темпото на броење гласови има тенденција да биде побавно отколку во остатокот од земјата.
Претседателот Џо Бајден во среда ќе го прими најголемиот политички непријател во Овалната соба, кој почнува да работи на составот на идната влада, за да се подготви за историско враќање на власт.
Бајден вети дека ќе обезбеди мирен трансфер на власта, надевајќи се дека ќе ја „намали температурата“ во земјата. Ситуацијата е многу поинаква од онаа во 2020 година, кога Доналд Трамп одби да го признае поразот и ја бојкотираше церемонијата на инаугурација на Џо Бајден.