Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека „ракавици ќе бидат симнати“ ако Иран нападне американски трупи на Блискиот Исток во услови на конфликт меѓу Израел и Иран.
Тој ја упати новата закана додека се враќаше од Канада со претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ од самитот на Г7 до Вашингтон.
„Ќе бидеме толку жестоки ако им направат нешто на нашите луѓе. Ракавиците се симнати. Мислам дека знаат дека не можат да ги допрат нашите војници“, рече тој.
Трамп уверува дека неговото предвремено заминување од Самитот нема никаква врска со ангажманот за примирје меѓу Израел и Иран, туку дека станува збор за нешто поголемо од тоа. Со тоа, тој го негираше францускиот претседател Емануел Макрон.
Имено, на својата социјална мрежа Truth Social, тој напиша дека на никаков начин не се обратил до Иран за мировни преговори.
„Ако сакаат да разговараат, знаат како да ме контактираат. Требаше да го прифатат договорот што беше на маса“, додава тој.
Иран негира дека тајно развива нуклеарно оружје. Од друга страна, Израел го нападна, тврдејќи дека станува збор за таен развој на нуклеарно оружје, објавува весникот „Индипендент“.