Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека проблемот на актуелниот претседател Џо Бајден не се неговите години, туку дека тој не е способен да ја извршува функцијата.
Некои од најголемите светски лидери беа на власт кога беа во осумдесеттите години, а Бајден не е премногу стар за да биде претседател, но мислам дека е некомпетентен, што е најголемиот проблем, изјави Трамп за телевизијата Ен-Би-Си, пренесува Хина.
Последниот систематски преглед на Бајден покажа дека тој е во добра здравствена состојба, но факт е дека Белата куќа досега немала толку стар жител. Бајден би имал 86 години на крајот на евентуалниот втор мандат, поради што неговата поддршка од гласачите сè повеќе паѓа.
Зборувајќи за годините, Трамп со насмевка рече: „Сè уште сум далеку од 80 години“.
Сегашните анкети покажуваат дека иако разликата во возраста меѓу Бајден е само три години, Американците се многу позагрижени за здравјето на Бајден.