Трамп потврди: Сакам да разговарам со Путин, конфликтот во Украина мора да заврши

На прашањето дали постои можност лично да се сретне со Путин, Трамп одговори: „Тоа е можно“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Тој истакна дека тој и Путин отсекогаш имале добри односи и дека жали што се случува во Украина.

„Тој конфликт во Украина мора да заврши“, рече Трамп, не прецизирајќи кога би можело да има разговори со рускиот лидер.

На прашањето дали постои можност лично да се сретне со Путин, Трамп одговори: „Тоа е можно“.

„Веројатно ќе се сретнам со Зеленски следната недела и веројатно ќе разговарам со Владимир Путин“, им рече Трамп на новинарите пред почетокот на средбата со јапонскиот премиер.

Средбата со Зеленски би можела да се одржи во Вашингтон.

Трамп му рече на шефот на режимот во Киев дека САД мора да добијат нешто за парите потрошени за Украина.

„Никој повеќе нема да ги злоупотребува САД“, рече тој, истакнувајќи дека со Зеленски има намера да разговара за ретките метали со кои земјата е богата.