Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прекине војната во Украина доколку може, додавајќи дека Украина може да очекува да не добие толку голема воена помош од САД кога ќе се врати на функцијата.
Тој пред два дена во Париз приватно се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои на социјалните мрежи објавија дека разговарале за постигнување „праведен мир“ во војната на Украина со Русија, објави NBC.
Зеленски се приклучи во последните 10 минути од состанокот, изјави претставник на транзицијата на Трамп.
Трамп рече дека нема да се обврзе САД да останат во НАТО, но доколку членките ги платат своите обврски, тој апсолутно ќе ја зачува американската улога во алијансата.
Трамп победи на претседателските избори, кои се одржаа на 5 ноември, пред кандидатот на демократите и американски потпретседател Камала Харис.
Тој ќе ја преземе функцијата претседател на 20 јануари 2025 година на церемонијата на инаугурација.