Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека разузнавачките информации по нападот врз нуклеарните постројки на Иран се неубедливи, но исто така посочи дека штетата можела да биде сериозна.
„Разузнавачките информации беа многу неубедливи. Разузнавачките информации велат дека не знаеме. Можеби било многу сериозно. Тоа е она што го сугерираат разузнавачките информации“, изјави Трамп за новинарите пред состанокот со светските лидери на самитот на НАТО, објави Ројтерс .
Како што напишавме претходно, прелиминарниот доверлив извештај на Агенцијата за одбранбено разузнавање на САД (ДИА) покажува дека бомбардирањето на нуклеарните објекти на Иран од страна на САД не ги уништило целосно подземните објекти, како што претходно тврдеше американскиот претседател Доналд Трамп, потврдија службеници запознаени со содржината на извештајот.
Трамп, од друга страна, изјави дека штетата нанесена на нуклеарната програма на Иран е „многу сериозна“ и дека „се случило уништување“.