Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина „веќе се испорачуваат“ од Германија

– Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ракетните системи „Патриот“ за Украина „веќе се испорачуваат“ од Германија според договорот поддржан од НАТО, a Соединетите Американски Држави (САД) ќе бидат целосно исплатени.

„Тие веќе се испорачуваат. Тие доаѓаат од Германија“, изјави Трамп пред новинарите по настан во Пенсилванија. „Во сите случаи, САД добиваат целосна исплата.“

Трамп рече дека исплатата ќе дојде или преку НАТО или директно од земјите членки на Европската Унија (ЕУ), нагласувајќи дека „нема да треба да инвестираме повеќе. Ги добиваме нашите пари целосно назад“.

„Ако можеме да склучиме (мировен) договор, тоа би било одлично. Заштедуваме 5.000 или 6.000 војници неделно – тоа се руски и украински војници, а не американски војници“, рече тој.

,,Штета е – минатата недела велат дека загинале 7.100 војници, и руски и украински.“

Трамп го објави договорот за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Овалната соба во понеделникот.

„Денес постигнавме договор… Ќе им испраќаме (на Украинците) оружје, а тие ќе платат за него. САД нема да плаќаат ништо. Ние нема да го купуваме, туку ќе го произведуваме, а тие ќе плаќаат за него“, рече тој.

Руте го потврди договорот, велејќи: „САД одлучија навистина масовно да ја снабдуваат Украина со она што е потребно преку НАТО. Европејците (плаќаат) за тоа 100 %.“