Американскиот претседател Доналд Трамп бара Украина да им обезбеди на САД ретки метали како услов за помош на земјата разурната од војна.
„Сакаме да склучиме договор со Украина каде тие ќе ни ги дадат нивните ретки метали и други работи што им ги даваме“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
– Украина изрази подготвеност да соработува во обезбедувањето основни материјали. Многу сектори се потпираат на нив“, додаде тој.
Тој не прецизираше какви материјали бара Вашингтон од Киев.
Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, вети дека брзо ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина, но не објасни како планира да го постигне тоа. Неговите соработници сугерираат дека преговорите би можеле да траат со месеци.
Трамп изрази подготвеност да разговара со Путин за завршување на војната, што е во спротивност со политиката на поранешниот демократски претседател Џо Бајден, кој избегнуваше контакт со рускиот лидер.
Изборната победа на Трамп во ноември ги зголеми надежите за дипломатско решение за ставање крај на руската инвазија на Украина, која започна во февруари 2022 година. Но, во Киев постои загриженост дека брзиот мировен договор може скапо да ја чини Украина.