Трамп сака Канада да стане 51 држава на САД: Канаѓаните се бесни пред избори, американскиот претседател долева масло на огнот!

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска и’ посака на Канада среќа на изборите и повика таа да стане 51-та држава на Соединетите Американски Држави.

„Среќно за големиот народ на Канада. Изберете човек кој има сила и мудрост да ви ги намали даноците на половина, бесплатно да ја зголеми вашата воена моќ на највисоко ниво во светот, четирикратно да го зголеми бизнисот во автомобилите, челикот, алуминиумот, градежништвото, енергијата и сите други индустрии, без тарифи и даноци, сето тоа ако Канада стане драгоцената држава Трамп на неговата 51-ва држава“.

Според него, „повеќе нема вештачки исцртана граница од пред многу години“.

„Погледнете колку би било убаво ова копно пространство. Слободен пристап без граници. Сите позитивни страни без негативности. Тоа треба да биде. Америка повеќе не може да ја субвенционира Канада со стотиците милијарди долари годишно што ги трошевме во минатото. Нема смисла доколку Канада не стане 51-та држава на Америка”, се вели во соопштението на Трамп.

Во Канада денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори, а резултатите од анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либералната партија на премиерот Марк Карни има мала предност пред конзервативците на чело со Пјер Полиев.

Анкетите покажуваат дека Либералната партија стекнува тесно водство пред конзервативците откако Трамп наметна тарифи за Канада и постојано го нарекува поранешниот близок сојузник како „51-та држава на Соединетите Држави“, што ги налути Канаѓаните и предизвика да се стопи предноста од приближно 20 процентни поени на Полиевре.