Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека секој претседател на Соединетите Американски Држави мора да има целосен имунитет, без кој би било „невозможно да функционира нормално“.
„Претседателот на САД мора да има целосен имунитет, без кој би било невозможно нормално да функционира. Секоја грешка, дури и добронамерна, би била дочекана со обвиненија од опозициската партија на крајот од мандатот“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Според неговите зборови, американскиот претседател „дури и кога ќе ја премине границата“ мора да има целосен имунитет.