Трамп се закани со „целосно уништување“ !

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „целосно уништување“ доколку го одбие неговиот план и не ја предаде власта и контролата врз Газа.

„Целосно уништување!“, рече Трамп за Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашање преку СМС за тоа што ќе се случи ако Хамас не го прифати планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа.

На прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржува предлогот за прекин на бомбардирањето врз Газа и пошироката визија на САД, Трамп потврди дека „Биби е за“.

Претседателот нагласи дека наскоро ќе се види дали Хамас е навистина посветен на мирот и изрази надеж дека неговиот предлог за прекин на огнот ќе стане реалност, додека продолжува напорно да работи на неговата реализација.