Доналд Трамп изрази неочекувана искреност пред новинарите во Белата куќа, што ги изненади многумина, тој отворено призна дека неговата сопруга Меланија јасно го става својот син Барон пред него.
За време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот претседател отворено ги сподели ставовите на својата сопруга.
Тој рече дека Меланија е длабоко потресена од војната во Украина, но дека нејзината сила и мотивација првенствено се водени од нејзината љубов кон нивниот деветнаесетгодишен син Барон, кој моментално студира на престижниот универзитет во Њујорк.
– Таа обожава деца, но пред сè својот син, кого го сака повеќе од кој било на светот… па дури и од мене, морам да признаам – рече Доналд со насмевка.
Уште од раѓањето на Барон во 2006 година, Меланија го заштитуваше со посебна грижа . За време на првиот мандат на нејзиниот сопруг во Белата куќа, Барон ретко се појавуваше во јавноста, а денес неговата мајка внимателно одлучува кога да го претстави на светот.
Сепак, во последниве години Барон стана поактивен, дури и му даваше совети на својот татко како подобро да се поврзе со помладата генерација преку социјалните медиуми и подкастите.
Барон моментално студира бизнис и се подготвува за втората година на факултет. На последната инаугурација на неговиот татко, тој привлече внимание со својата висина, засенувајќи ги своите браќа и сестри – Доналд Џуниор, Ерик, Иванка и Тифани.
Меланија се истакна како силен застапник на мирот. Пред неколку дена, таа напиша трогателно и отворено писмо до Владимир Путин, молејќи го да ја прекине војната во Украина, заради децата кои се заробени во овој конфликт.
„Секое дете во светот сонува за истото: љубов, безбедност и можност да расте без страв. Како родители, наша должност е да им обезбедиме иднина полна со надеж“, рече Меланија, нагласувајќи дека од светските лидери зависи да обезбедат достоинствен свет за сите деца.